Досегашниот играч на тимот на Велешта, Стојанчо Велинов, пролетниот дел од овогодинешната сезона ќе го мине во тимот на Гостивар. Спортмедиа дознава дека искусниот крилен играч е договорен со управата на Гостивар, и следниот период ќе настапува во синиот дрес.
Гостивар има амбиција на пролет да одигра посериозна улога во ВМФЛ Запад, и да се вмеша во битката за највисок пласман.