Лео Меси, најдобриот фудбалер во светот и член на ПСЖ доби голема чест во својот роден град, Росарио (Аргентина). Имено преку една цела зграда, направен е гигантски мурал на Меси.
Тој е поставен во дресот на Аргентина, до десната рака на градите и сонцето над неговата глава.
Нема што, фантастично…
Инаку Меси во дресот на репрезентацијата на Аргентина одигра 158 натпревари, и на нив постигна 80 голови.
По освојувањето на Копа Америка, сега од него се очекува на својата земја да и ја донесе и титулата на Мундијалот во Катар.