Кевин Дурент на дело покажа зошто оваа сезона е еден од главните кандидати за МВП титулата. Тој го предводеше Бруклин до триумф над Филаделфија (114-105), потврди дека Нетси се главни фаворити за титулата.
На Дурент му недостасуваа две асистенции за да дојде до трипл-дабл. Зад своето име запиша 34 поени, 11 скока и осум асистенции, сетоа тоа за 39. минути на теренот. Едноставно беше нерешелива енигма за противникот. На другата страна Ембид имаше 32 поени и 9 скока.
Нетси во голем дел од мечот имаа предност, пред одморот водеа со плус 20, се чинеше дека го крајот без проблем ќе го остварат триумфот. Но, домаќините во вториот дел се опуштија и му дозволија на противникот да дојде на негатива од само еден поен. Дурент ги превзема работите во своите раце, со две тројки го разбуди својот тим.