Ракометарките на Франција успеаја во полуфиналето на СП да ја совладаат Данска со 23:22 (10:12) и да се пласираат во големото финале.
Данска има за што да жали, посебно ако се знае дека во поголемиот дел од мечот ги контролираше настаните на паркетот, имаше водство дури и од 17:13, но и тоа не им беше доволно на ракометарките на Данска да слават на овој меч.
На две минути до крајот Фопа даде гол за водство на Франција, а потоа цели две минути до крајот на мечот, немаше голови, па така Французинките слават финале.
Токму Фопа беше најефикасна кај Франција со 4 голови, додека кај Данска пет голови постигна Хагстед.