ФФМ со високи казни за Шкупи!

1065

По се она што се случуваше на мега – дербито меѓу Шкупи и Шкендија, Дисциплинската комисија на ФФМ одлучи и тоа како да го казни есенскиот првак. Имено Шкупи првите два меча од пролетниот дел, со А. Пандев и Тиквеш, ќе мора да игра без гледачи. Исто така клубот е казнет и со 5.000 евра поради организацијата на самиот натпревар со Шкендија.

Се ова доаѓа за се она што се случуваше на овој натпревар, по кој и Шкупи и Шкендија им се обратија на јавноста со по неколку соопштенија.

Значи екипата на Гоце Седлоски ќе мора првите два меча напролет како домаќини да игра без поддршка од своите фанови, „Шверцерите“.

ПретходноФудбалски “земјотрес“: Во Лига Нации ќе играат и Бразил, Аргентина, Уругвај….
СледноАтанасковски со гол на годината во Казахстан! (ВИДЕО)