Штета: Познато е зошто Елмас и дефинитивно нема да игра против Италија!

16729

Сите со нетрпение го чекаме 24 март и историскиот натпревар во Палермо, каде Италија и Македонија ќе го одиграат полуфиналниот дуел од баражот за пласман на ЕП во Катар 2022 година.

Сепак, мала горчина кај нас ни задава податокот дека и покрај сите најави, напори на надлежните, молби и барања, Елиф Елмас нема и дефинитивно да игра за Македонија на тој меч. Ова се информации до кои дојде “Спортмедиа“.

Имено познато е дека “Дијамантот“ и Тихо Костадинов поради картони не можат да играат со Италија, но надежта беше во иницијативата на неколку репрезентации од тие 12 кои се во баражот, на играчите кои се под суспензија, ФИФА да им ги „избрише“ картоните.

И таа иницијатива била дојдена до ФИФА, се разбира зад таа иницијатива со потпис стои и Фудбалската федерација на Македонија, но бадијала.

Од 12 репрезентации, само пет на тоа барање се потпишале, другите седум едноставно не ги интересирало. Па така одлуката на ФИФА била едноставна. Поради недобивање на мнозинство, односно 5:7, и дефинитивно е одлучено картоните да останат на сила а тие што се под суспензија да си ја “одлежат“ на првата средба, додека во финалето ќе можат да играат без проблем.

Тоа значи дека Елмас ќе го имаме за евентуалниот меч со Португалија или Турција во финалето, но не и на оној во Палермо на 24 март на гости кај Италија.

Навистина штета, не треба да се трошат зборови што значи Дијамантот за нашата селекција.

И на крај бадијала се сите оние изјави од играчи, тренери, аналитичари во Италија кои сметаат дека Елмас ќе биде проблемот за „аѕурите“ во Палермо, од едноставна причина што тој нема да игра.

Барем засега така стојат работите.

ПретходноАтанасковски со гол на годината во Казахстан! (ВИДЕО)
СледноВардар лесно со Бутел, „колапс“ на Металург во Струга