Алегри: Јануарскиот преоден рок нема да ги реши проблемите на Јувентус

118

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, изјави дека јануарскиот преоден рок нема да ги реши проблемите на „Старата дама“.  „Бјанконерите“ се седми во поредокот, и се далеку од она што би требало да се. Кризата во тимот е очигледна, пред се на резултатски план, а Алегри секојдневно ги истакнува истите преку своите изјави.

„Работевме добро оваа недела. Дибала е во „аут“. На Кизеа му оди добро, истото важи и за Данило, но тие нема да играат во следните два натпревари. Кјелини најверојатно нема да патува со тимот во Болоња викендов, поради неговите вообичаени мали проблеми. Кулушевски не е во способен физички да физички да издржи 90 минути, но ќе биде на клупата. Арон Ремзи не се опорави, има проблем и се уште е надвор од терените“, изјави Алегри, објаснувајќи го здравствениот билтен во тимот пред гостувањето кај Болоња па продолжи.

„Жал ми е што немаме толку бодови колку што заслужуваме. Иако ги почитуваме, не можеме да имаме само 2 бода од 15 можни против Верона, Удинезе, Сасуоло, Емполи и Венеција“, продолжи Алегри коментирајќи ги намерите на „бјанконерите“ поврзани со претстојниот зимски преоден рок.

„Нема смисла да се зборува за трансфери. Да видиме што ќе се случи во следните два натпревари, разговараме секој ден, но јануарскиот преоден рок нема да ни ги реши проблемите. Мора да работиме со играчите што ги имаме, тимот е прекрасен. Треба да бидеме подобри и порешителни. Ова важи за сите, не само за напаѓачите. Сега треба да се фокусираме на следните два натпревари. Не мислев колку бодови ќе ни требаат за Лигата на шампионите, но на почетокот на следната година ќе играме со Наполи и Рома, па мора да бидеме подготвени. Јануари и февруари се многу важни месеци, па да се фокусираме на следните два натпревари – со Болоња и Каљари. Можеби во новата година се ќе се смени“, додаде Алегри.

 

ПретходноГо елиминира Катар, па го „елиминираа“ него од клубот од Катар
СледноАлекс Телес е желбата на Барселона