Бугарија доби ДАТУМ кога да учи фудбал од Македонија!

1417

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Вчера во Нион ждрепката сакаше за третото издание во Лигата на Нации во сегментот – Ц, во групата – 4, да се паднат Македонија и Бугарија, секако тука се и Грузија и Гибралтар. Утринава од УЕФА дојде и официјалниот распоред за оваа група.

И Бугарија доби ДАТУМ кога да учи фудбал од Македонија. Тоа е 2 јуни 2022 година, веројатно во Софија. На тој датум играат Бугарија и Македонија. Секако дека тоа ќе биде жестоко дерби, барем така го најавуваат медиумите кај нашиот источен сосед. Тие знаат дека нема воопшто да им биде лесно, од “милион“ причини, на крајот и од фудбалски. Можеби пред десет години тие беа “фраерите“,но сега тоа се нашите Елмас, Барди, Адеми,Ристовски, Алиоски, Димитриевски….

Македонија наназад 3-4 години играше на ЕП 2017 за млади селекции, потоа играше на ЕУРО 2020, а сега е на чекор од пласман на Мундијалот во Катар 2022.

А, каде е Бугарија?

Затоа не им се плашиме. Ги респектираме, да, но не им се плашиме, а имаме „милион“мотиви и среде Софија да им покажеме кој е кој во моментов. Се разбира на фудбалски план.

СПЕКТАКЛОТ ВО СКОПЈЕ Е НА 26 СЕПТЕМВРИ, СО БУГАРИЈА ДА СЕ “ЗАГРЕВАМЕ“ ЗА КАТАР…

Се разбира, спектаклот е во Скопје и тоа на 26 септември.Тогаш Бугарија и гостува на Македониа.Тогаш пред преполна Арена “Тодор Проески“, пред 35.000 гласни фанови да им покажеме на нашите источни соседи дека треба да учат фудбал од нас, но и да учат на европски манири.

Во Скопје на 26 септември ќе биде фудбалски хаос. Тука нема дилеми. Тука среде главниот град на Македонија, токму против Бугарија, да се стави „печат“ на првото место во групата. Тоа ќе биде веројатно и повеќе од фудбал.

Ние да се надеваме дека претходно ќе го оствариме сонот, ќе се пласираме на СП во Катар. И дека тој 26 септември ќе ни биде и  „загревање“ за настапот на МАКЕДОНИЈА на Мундијалот.

Уф, како некого тоа ќе го БОЛИ….

ПретходноМбапе пресече, на ПСЖ му остана да му посака среќа
СледноМеталург вчера во Автокоманда, денеска во Струга