Челзи во 17. коло во Премиер-лигата направи голем кикс, на свој терен одигра 1-1 против Евертон.
„Сините“ имаа и покрај доминацијата не успеаја да дојдат до целиот плен против противникот, кој поради супензија и Ковид-19 не можеше да смета на голем дел од првотимците.
Киксот на Челзи го изненади и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, неговиот тим сега има три бода повеќе од лондонскиот клуб на табелата.
„Не го очекував ова од Челзи. Невообичаен кикс бидеќи не познавав дури шестмина играчи на Евертон. На крајот не треба да размислуваме за другите“, рече Клоп.
Лидер во Премиер-лигата е Манчестер Сити, има бод повеќе од Ливерпул.