Договорот на Килијан Мбапе, еден од најбараните фудбалери во светот, со ПСЖ завршува за шест месеци. Добро е познато дека францускиот репрезентативец одамна е на листата на желби на Реал Мадрид, кој е негов омилен тим уште од детството.
Раководството на ПСЖ се обидува да го задржи во своите редови, но изјавата на Мбапе не оди во прилог на „светците“.
„Не ми е важно да заработам пари, дури и ако е важно затоа да имаме семејства за кои треба да се грижиме. За мене искуството е поважно, копнеам да откривам нови места, да патувам, да запознавам различни луѓе и култури“, рече Мбапе.
На ПСЖ му останува малку време бидејќи за 15 дена, младиот фудбалер може да почне со преговори со Реал Мадрид или со некој друг клуб и на лето да му се приклучи како слободен играч.