Мирчевски е “кралот“ на головите во есенската полусезона!

647

Пред три дена и официјално заврши есенскиот дел од сезоната 2021/22. Познато е дека Шкупи стана есенски првак, Академија Пандев заврши како втора, трета е Шкендија…

Кога сме кај Академија Пандев да кажеме дека струмичани во своите редови го имаат „кралот“ на головите оваа есен. А тоа е Мартин Мирчевски, кој на 18 средби колку што одигра тимот на А. Пандев, успеа да постигне 16 голови. Ако се знае дека „пандевци“ на тие 18 меча успеале да постигна 28 голови, излегува дека Мирчевски сам постигнал 16 а сите останати во тимот само 12 голови. Ете колку тој е заслужен за тоа второ место на “пандевци“.

На листата на стрелците второто место го делат, со по 11 голови, Сандеј Адетунџи од Шкупи и извонредниот Ремзифаил Селмани од Ренова.

Ако некој може да го стигне напролет Мирчевски, тоа се само овие двајца, барем така велат прогнозите.

При врвот на оваа листа е и Марјан Алтипармаковски д Брегалница и тоа со 9 голови, од кои речиси сите победнички. Битолчанецот е суво злато за “сините“, тука нема дилеми.

На петата позиција, која ја делат, се Ермедин Адем од Македонија ЃП и Фреди Алварез, веројатно најдобриот фудбалер оваа есен во ПМФЛ. И двајцата имаат по 8 голови.

Додека веднаш зад нив е одличниот интернационалец од Албанија, Синдрит Гури и тоа со седум голови.

Во продолжение можете да видите дел од листата на стрелците по есенскиот дел во нашата елитна фудбалска лига.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

16 – Мартин Мирчевски (А. Пандев)

11 – Сандеј Адетунџи (Шкупи)

Ремзифак Селмани (Ренова)

9 – Марјан Алтипармаковски (Брегалница)

8 – Ермедин Адем (Македонија ЃП)

Фреди Алварез (Шкупи)

7 – Синдрит Гури (Шкендија)

6 – Љупче Дориев (Шкендија

Мартин Стојанов (Брегалница)

5 – Арбин Воша (Македонија ЃП)

Ален Јашароски (Скопје)

Матеј Цветановски (Шкупи)

ПретходноБеса остана без тренер: Бујар Ислами си поднесе оставка!
СледноФудбалски “земјотрес“: Во Лига Нации ќе играат и Бразил, Аргентина, Уругвај….