Хуан Мартин дел Потро, кој повеќе од две години не играше поради повреда на колено, најава кам-бек на терените, на АТП турнејата во февруари на Отвореното првенство на Аргентина.
Освојувачот на УС Опен 2009 година, последен пат играше на средината на 2019 година, по што имаше четири операции на коленото, а последната беше во март оваа година.
„Тренирам напорно, некои денови се подобри од другите, но секогаш работам со надеж дека же се вратам на терените на почетокот на следната година. Би било одлично доколку тоа го сторам во Буенос Ариес, а потоа и во Рио“, напиша Дел Потро.
Најдобриот ранкинг го имаше во 2018 година кога се најде на третото место. Во својата кариера има освоено 22 АТП наслови.