Серија А потврди: 98% од играчите во лигата се вакцинирани против Ковид-19

149

Дури 98 отсто од играчите во елитната класа на италијанскиот фудбал примиле две дози од вакцината, објави Серија А. Серија А не беше тешко погодена од пандемијата оваа сезона, а бројот на позитивни случаи кај играчите остана релативно низок.

„Ајде сите да ја одиграме нашата улога и да се вакцинираме и да ги заштитиме најкревките луѓе“, напиша Џорџо Киелини, дефанзивецот на Јувентус и на италијанската репрезентација на Твитер.

ПретходноНеверојатно: Порто троши за ГАТАЧКА 15.000 евра месечно!
СледноДенвер ја „згази“ Аталанта, Милвоки поразен по продолжението