Фудбалски “земјотрес“: Во Лига Нации ќе играат и Бразил, Аргентина, Уругвај….

509

Она што беше најавено пред неколку дена, и се оствари. Имено Лига Нации во третото свое издание за последен пат ќе има селекции само од Европа. Имено за следното издание, тоа за 2024 година ќе се прошири и тоа со селекции од Јужна Америка. Значи во УЕФА Лигата на Нации на тлото на Европа ќе играат и 10 селекции од Јужна Америка. Најдобрите шест ќе бидат распоредени во А – Лигата, додека останатите четири во Б – Лигата. Значи ако Македонија успее да се префрли во еден ранг погоре, тогаш би можеле да играме со некои селекции од Ј. Америка.

Со оваа се „закопаа“ сите надежи на ФИФА дека ќе може да се организира Мундијал на секои две години, всушност ова ќе биде и Мини – Мундијал.

Ова е последен пат Лигата Нации да се игра во овој формат. Од 2024 ќе ни се придружат и селекции од Јужна Америка“ изјави Збигњев Боњек, еден од водечките луѓе на УЕФА.

ПретходноМирчевски е “кралот“ на головите во есенската полусезона!
СледноФФМ со високи казни за Шкупи!