Барса ги прибира екс-играчите: Го избркаа во 2016, сега го „молат“ да се врати

1042

Барселона не располага со големи финансиски средства за нови фудбалери во јануарскиот преоден рок, па својот фокус го вртат на слободни фудбалери или на фудбалери чии договори истекуваат или оние кои би играле како позајмени.

Нивниот член на „Ла Масија“ Марк Бартра е на списокот на можни засилувања во јануарскиот преоден рок.

Бартра запиша 59 натпревари на „Ноу Камп“ во период од 2010 до 2016 година. Тој си замина поради мала минутажа. Сега е во Бетис и има договор на уште една и пол сезона. Неговата цена е околу 6 милиони евра.

Од Барса се надеваат дека тој ќе се врати на „Ноу Камп“, пишува каталонски „Спорт“.

ПретходноПелистер со една желба на последниот дуел во Сараево
СледноЈувентус го посака Марсијал на позајмица