Диего Коста би можел да се врати во Европа откако му помогна на Атлетико Минеиро да ја освои титулата и Купот на Бразил оваа сезона. Тој го раскина договорот со Атлетико Мадрид во декември 2020 година и беше без клуб седум месеци пред да потпише со Минеиро.
Според „Мундо Депортиво“, шпанските тимови Кадиз и Елче ја следат ситуацијата со Коста, кој во јануари би сакал да се врати во Европа. Коста има уште една година од договорот со бразилскиот шампион, но лесно би можел да ја заврши соработката доколку добие пристојна понуда од шпанските тимови.