Интер со „петардата“ против Салернитана влезе во „посебно“ италијанско друштво

160

Екипата на Интер ја демолира Салернитана со 5:0 во 18 коло  на Серија А и со тоа влезе во посебно италијанско друштво. Имено „нероаѕурите“ станаа четвртиот тим кој постигнал 100 гола во една календарска година. Со тоа го урна претходниот свој рекорд од 99 гола во 1950 година.

Освен тоа четата од Милано им се приклучи на градскиот ривал Милан потоа на Јувентус и Торино кои исто така успеале да ја поминат таа граница на голови во една година.

Со петте голови против Салернитана бројот на голови на „нероаѕурите“ во 2021 година изнесува 103.

Освен тоа трет пат во историјата Интер победил на пет меча по ред без да прими гол, по 1989 и 1996 година.

ПретходноОвен: Јас им давав голови на Бразил и Аргентина, а Кејн на аматерите од Сан Марино
СледноПак нереди во Франција: Навивачите на Лион со факeли по противничките фанови (Видео)