Швеѓанките го израмнија светскиот редорд на 4х50 метри мешано

121

Шведската женска пливачка штафета го израмни светскиот рекорд 4 х 50 метри мешано во финалето на вториот ден од Светското првенство во пливање во кратки базени во Абу Даби. Швеѓанките Луис Хансон, Софи Хансон, Сара Сјестрем и Мишел Колман го освоија златото со време 1:42,38 минути и го израмнија светскиот рекорд на САД од 2018 година.

Американките овој пат останаа втори, а на третото место исплива штафетата на Холандија.

ПретходноХаос во Премиер – лигата: И мечот Астон Вила – Барнли одложен!
СледноТантуровски, Османовски… не се веќе дел од Работнички!