Алими си замина од Шкендија

749

Еден од играчите кој ја одбележаа оваа многу успешна ера на тимот на Шкендија од Тетово, инаку актуелен шампион на Македонија, Арменд Алими денеска спогодбено го раскина актуелниот договор со овој клуб, и  напролет ќе заигра во нова средина.

Искусниот играч за врска долги години беше дел од Шкендија, со клбуот освои титули, играше на интернацонална сцена доста успешно, но тој очигледно не е повеќе во плановите на тренерот Бруно Акраповиќ.

Алими покрај Шкендија досега беше дел и од екипите на Милано, Башкими, Истра, Оребро, Неа Саламис, Смирнис…

ПретходноФеникс им наби комплекси на аеродромци, го суреди и МЗТ Скопје 2
СледноЕуро Никел без милост кон дебитантот