Баерн во Лидс најде замена за Кингсли Коман

248

Германскиот шампион Баерн Минхен го забележал фудбалерот на Лидс Рафиња кој би можел да го замени офанзивецот Кингсли Коман кој ќе го напушти тимот оваа зима. 25-годишниот Рафиња игра одлично во Премиер лигата, а неговите настапи беа забележани од некои фудбалски гиганти меѓу кои и Баерн.

Коман одбива да го продолжи договорот и се поголеми се шансите тој да премине во друг клуб во јануарскиот преоден рок, а Баерн би можел неговото место да го пополни со играчот на Лидс. Па се шпекулира дека за бразилскиот фудбалер Баерн може да понуди до 40 милиони евра.

Рафиња дојде на „Еланд роуд“ во 2020 година од Рен за 18,6 милиони евра и е стандарден фудбалер. Засега во 41 меч има 13 гола. По добрите игри доби и повик за настапи за Бразил и веќе има два гола во пет натпревари.

ПретходноЈувентус го посака Марсијал на позајмица
СледноЛани играше за МЗТ Скопје А., синоќа заигра за Орландо во НБА лигата