Само што заврши вториот пријателски меч меѓу У-21 селекциите на Македонија и Косово, кој заврши со резултат 3:3. За потсетување, во првиот меч завчера, кој исто така се одигра на ФФМ, нашите надежи тогаш победија со 1:0.
Денеска избраниците на селекторот Драган Канатларовски добро го започнаа мечот, имаа рано водство од 1:0 со голот на Трпчевски.
Сепак гостите од Косово од 57. до 72.минута постигнаа три гола и поведоа со 1:3. Но и тоа не им беше доволно за победа, зошто во 74. и 78.минута со головите од пенал на Крстевски и Тодоровски, Македонија израмни за конечен резултат 3:3.
Инаку Македонија на овој меч настапи со: Николовски, Јанкуловски, Стојчевски, Крстевски, Тодоровски, Рамадани, Фетаи, Георгиевски, Игњатов, Малески, Трпчевски.
На клупата на стартот беа: Алчески, Анѓелковски, Незировски, Стојменов, Фета, Златков, Абази, Калкан, Петејчук, Крстевски, Мисердовски.