Олимписката шампионка во спуст од 2018 година, Италијанката Софија Гоџа ја забележа седмата последователна победа во Светскиот куп во спуст, откако триумфираше на денешната трка во Вал д’Изер, Франција.
Италијанката ја извозе патеката со време од 1:41,71 минута оставајќи ја за 27 стотинки зад себе Американката Бриз Џонсон. На третото место денеска заврши Австријката Миријам Пухнер, која беше за 91 стотинка побавна од победничката.