Денвер ја „згази“ Аталанта, Милвоки поразен по продолжението

232

Никола Јокиќ беше само 26 минути на паркетот но сепак успеа да даде 20 поени и имаше 10 скокови и 7 асистенции во убедливата победа на Денвер над Атланта со 133:115. Нагетст го решија мечот уште во првото полувреме кога имаа предност од 18 поени, а Јокиќ одмараше за следниот меч против посилниот Бруклин.

Бонс Хајленд беше најефикасен во тимот на Денвер со рекорд во кариерата од 24 поени, Монте Морис уфрли 21. Кај Атланта Тре Јанг имаше 34 поени и 10 асистенции, но другите не го следеа како што треба.

Милвоки Бакс загуби на гостувањето кај Њу Орлеанс Пеликанс. Резултатот беше 116:112 за Пеликанс, а во регуларниот дел мечот заврши без победник 103:103.

Холидеј стигна до 40 поени со 5 скокови и 5 асистенции во редовите на Милвоки, а кај победничкиот тим Грем реализираше 26 поени.

РЕЗУЛТАТИ
ОРЛАНДО – МАЈАМИ  105:115

АТЛАНТА – ДЕНВЕР    115:133

БОСТОН – ГОЛДЕН СТЕЈТ       107:111

ЊУ ОРЛЕАНС – МИЛВОКИ      116:112

ЈУТА – САН АНТОНИО 126:128

МИНЕСОТА – Л.А. ЛЕЈКЕРС   110:92

ПОРТЛАНД – ШАРЛОТ 125:116

САКРАМЕНТО – МЕМФИС       105:124

ПретходноСерија А потврди: 98% од играчите во лигата се вакцинирани против Ковид-19
СледноОвен: Јас им давав голови на Бразил и Аргентина, а Кејн на аматерите од Сан Марино