Фуриозно издание на Еуро Никел на дуелот против Ангели. Кавадарчани на гостувањето кај дебитантот славеа со 46-101 убедливи во рамките на 11 коло во Првата лига. За кавадарчани ова беше шести триумф, петти во низа. Со новите бодови Еуро Никел се вмешаа во битката за горниот дел од табелата.
Неизвесност имаше на стартот во првата четвртина, по 11-11, гостите набрзина со серија од 12-1 поведоа со 12-23. Од овој момент само еден тим доминираше на теренот. Во втората четвртина домашниот тим постигна осум поени, на другата страна кавадарчани реализираа 27.
Второто полувреме беше чиста формалност, темпото не попушти, Еуро Никел беше решен да замине со убедлив триумф. Златев имаше 17 поени, по 12 постигнаа Џекиќ и Самарџиски. Делоски со 15 поени беше прво име кај Ангели.