Каков меч, каква победа на Рома и тоа среде Бергамо, каде ретко кој победува како гостин. Но, ете, момците на Жозе Мурињо со 1:4 успеаја да ја совладаат Аталанта и тоа на нејзин терен. Ова ретко кој го очекуваше, посебно ако се знае дека овој меч за Аталанта беше екстра важен во битката за титулата.
Сепак, домашните беа шокирани, а Рома секако дека го одигра својот најдобар натпревар откако Португалецот е на клупата на „Волчицата“.
Инаку ова беше меч од 18.коло во Серија А.
Интересно, Абрахам уште во 1.минута и донесе водство на Рома. Заниоло во 27.минута погоди за 0:2, додека Муриел во 45+1 минута стрелаше за 1:2, резултат со кој се замина на пауза.
Во 68.минута Запата даде гол за 2:2, но истиот беше поништен од ВАР. До крајот на мечот Смолинг во 72.минута и повторно Абрахам во 82.минута стрелаа за конечни 1:4 на овој дерби меч во Серија А.