Се играше 85.минута кога Нико Гонзалес погоди за 3:2, гол злато вреден за Барса и три бода. За малку нов шок на „Камп Ноу“, за малку Елче ќе освоеше бод, зошто до тие моменти имаше 2:2. Сепак на крајот гигантот, кој е во очајна ситуација, успеа да победи.
А се тргна на овој натпревар од 18.коло убаво за Чави и неговите момци.Прво Феран во 16. а потоа и со мајсторијата на Гави, Барса водеше со 2:0.Никој не помислуваше во тие мигови дека Елче и тоа како ќе се врати во игра.
Сепак тоа се случи во за само една минута, во 62.и 63., кога Тете Моренте и Мила успеаја да ја изненадат одбраната на Барса и да му донесат на својот тим 2:2.
Но тоа не беше доволно за сензација, како што веќе напоменавме, Нико Гонзалес, кој што влезе во игра 72.минута, десетина минути го постигна победничкиот гол за три бода за Барса.