Каков малер – ништо од кам-бекот на Ирвинг

324

И покрај најавите дека ќе се врати на терените, Кајри Ирвинг ќе мора да почека уште малку. Според медиумите во САД, тој влезе во ковид-протоколите на НБА-лигата.

Она што не е познато е дали има Ковид-19 или само имал контакт со лице кое е позитивно. Кајри не е вакциниран и поради тоа не беше долго време на терените, иако од клубот му наложија дека мора да го стори тоа доколку сака да игра, во последен момент Бруклин ја промени одлуката.

Му дозволи да се врати на тимот, но поради правилата на градот Њујорк во време на пандемија коронавирус, тој можеше да биде со клубот само на гостинските мечеци, сепак овој момент ќе се одложи.

ПретходноМурињо ги дочека своите пет минути
СледноБомбата на Лазаров од десетина метри за финале на Нант (ВИДЕО)