Бојан Миовски попладнево е стрелец за неговиот тим МТК, но тоа малку помогна, односно вреди само за сопствена статистика на нашиот репрезентативец. МТК загуби на домашен терен со 1:4 од тимот на Пакс, и на тој начин уште повеќе си ја искомплицира ситуавијата во моментов сезонава.
МТК се наоѓа на претпоследната позиција на табелата со освоени само 15 бода, и ќе мора сериозно да се намачи за да обезбди опстанок.
За Миовски пак ова е седми погодок сезонава.