ОФМ следната недела ќе решава за селекторската позиција

196

Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија следната недела треба да одржи состанок на кој како една од главните теми ќе биде и настапот на Европското првенство оваа година на нашиот сениорски тим, како и позицијата на селекторот Душко Николиќ.

Николиќ седна на клупата на нашата репрезентација во јули оваа година, откако ОФМ реши да го смени дотогашниот предводник на националниот тим, Никола Матијашевиќ. Минатата недела откако стана јасно дека Македонија следната година ќе биде дел од Европската сребрена лига и ги доби ривалите во групната фаза, ОФМ ќе мора да донесе одлука дали Николиќ ќе остане на селекторското место.

„Извршниот одбор треба да се состане и да дискутира по тоа прашање. До крајот на годинава сигурно ќе има одлука за позицијата на селекторот“, вели генералниот секретар на ОФМ, Зоран Карановиќ.

ПретходноПремиерлигашите в понеделник одлучуваат за мал прекин на сезоната
СледноГоџа незапирлива: Уште една победа на Италијанката во спуст