Натпреварот помеѓу второлигашот Париз и Лион во рамките на Купот на Франција е прекинат откако фановите на попознатиот тим направија вистински неред на трибините. Имено, фановите на Лион кои важат за едни од најжестоките поддржувачки во Франција, со запалени факли ги нападнаа навивачите на домашниот тим и создадоа вистински хаос.
Натпреварот веднаш беше прекинат и се уште не е познато дали истиот ќе биде продолжен или ќе биде регистриран со службен резултат.
This weekend’s Coupe de France action has begun with Lyon fans attacking Paris FC fans. French football & violence are unfortunately the best of bedfellows this season. pic.twitter.com/lme5o0pINB
— Get French Football News (@GFFN) December 17, 2021