Пелистер со една желба на последниот дуел во Сараево

147

Екипата на Пелистер има серија од четири порази во низа во АБА2 лига, два порази во “балонот” во Сараево. Битолчани двапати беа близу до триумфот, нијанси ги делеа од радост.

Денеска во 12 часот ќе имаат нова шанса да покажат зошто се број еден засега во македонскиот шампионат, за противник ја имаат екипата на Златибор. Станува збор за тим кој има две победи повеќе и се наоѓа на десетото место на табелата, во минатото коло беше подобар од Рогашка.

Избраниците на Марјан Илиевски имаа доволно време да се одморат и да се подготват за новиот предизвик во второто по ранг јадранско натпреварување.

ПретходноПак нереди во Франција: Навивачите на Лион со факeли по противничките фанови (Видео)
СледноБарса ги прибира екс-играчите: Го избркаа во 2016, сега го „молат“ да се врати