Бразилскиот фудбалски ас, Роналдо Да Лима, денеска и официјално беше претставен како нов сопственик на тимот на Крузеиро. Тоа е клубот каде што тој ги направи првите фудбалски чекори, па Роналдо еднсотавно чувствуваше одговорност да му помогне кога му е најтешко.
Крузеиро во моментов игра во втората по ранг лига, нешто што во 2019 година за прв пат му се случи, и оттогаш наваму има проблем да се врати онаму каде што му е местото.
Од друга страна пак Роналдо веќе сериозно навлегува во фудбалскиот бизнис, затоа што веќе е сопственик на Шпанскиот тим Ваљадолид. Во Крузеиро ќе биде сопственик на 90% од акциите.