Севилја го победи Атлетико во дербито, херојот Окампос беше изнесен на носилки!(ВИДЕО)

131

Со голот на Окампос во 89.минута екипата на Севилја успеа со 2:1 да го победи Атлетико Мадрид во големиото на 18.коло во Ла Лига. Со овој триумф Севилја се зацврсти на второто место на табелата, веднаш зад Реал Мадрид, додека Атлетико остана далеку од водечките.

Инаку домашниот состав во 7.минута успеа да поведе со прекрасниот гол на Ракитиќ. Гостите во 33.минута преку Фелипе израмнија на 1:1. И така беше се до 89.минута кога Окампос стрелаше за конечни 2:1. Да кажеме дека во 90+3.минута Феликс за малку ќе им ја поматеше радостана домашните, кога ја погоди пречката.

Инаку пред самиот крај Окампос падна на теренот, а потоа по лекарската интервенција тој на носилки беше изнесен од теренот.

ПретходноМитревски и Порто го решија Спортинг, пораз за Кузмановски
СледноАгуеро веќе доби четири понуди за работа!