Ништо ново кога станува збор за Македонецот Столе Димитриевски во дресот на Рајо Валјекано. Нашиот репрезентативен голман одново имаше маестрален настап во Ла Лига, во меч попладнево од 18.коло во Ла Лига. На дуелот со Алавес на свој терен, Столе имаше неколку одлични интервенции и што е најважно одново ја сочува својата мрежа нечепната.
Нема што, Македонецот е во супер форма оваа есен, а попладнево истата само ја потврди.
И кога е така, тогаш јасно е дека Рајо победи, и тоа со 2:0 со головите на Гвардиола во 19. и Катења во 26.минута. Со оваа победа и натаму продолжува доминацијата на Рајо на свој терен, а со овие три бода, тимот на Столе се искачи на 4 место на табелата во Ла Лига. Се разбира останатите екипи допрва треба да ги одиграат своите натпревари.