Странците се вратија на терен, Работнички убедливо против Куманово (ФОТОГАЛЕРИЈА)

268

Работнички со странците во составот дефинитивно е посилен на теренот. Откако во минатото коло против Еуро Никел, странските кошаркари „бојкотираа“ поради неподмирени долгови, вечерва се вратија на теренот, а „црвено-белите“ добија важен меч. Се чини проблемите се веќе минато, па клубот може да функционира како што му доликува.

Најтрофејниот кошаркарски колектив на домашен терен го совлада Куманово со 97-81 во рамките на 11. коло во Првата лига. Со седмиот триумф бодовно се изедначија со МЗТ Скопје, но ова ќе биде само привремено, бидејќи првакот има меч помалку.

Колку значи поддршката од странските кошаркари говори вкупната статистина, Џексон, Мустафица, Лорис и Мацура постигнаа 61 поен. Марковски имаше 23 поени. Кај гостите Абром имаше 19 поени.

Куманово беше подобар во првата четвртина (17-21), на другата страна најтрофејниот врати со 23-16, на полувремето имаше предност од 40-37. Решавачка за победата на Работнички беше третата четвртина. Избраниците на Тони Симиќ ја добија со 31-14, за 71-50 во 30. минута и мирен финиш.

ГОСТИВАР ЖИВНА ВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ

Екипата на Гостивар успеа да стави крај на серијата од три порази во низа, на домашен терен беше подобара од Кожув со 97-68. Овој дуел домаќинот го реши благодарение на добрата игра во втората и третата четвртина, беше подобар со 33-17. Токму ваквата игра им однесе позиива од 78-52.

Тодоровиќ имаше 28 поени, Вокру 16. Симоновски и Николовски, заедно постигнаа 30 поени кај гостите.

ПретходноРоналдо го купи Крузеиро
СледноОхрид лесно низ Скопје