Убедлив триумф: Арсенал го продолжи очајот на Лидс…

97

Лидс – Арсенал 1:4, тоа е епилогот од единствениот денешен меч во Премиер – лигата, а требаше да се одиграат шест. Во текот на целиот натпревар гостите од Лондон беа далеку подобар противник, постигнаа четири гола, а можеа уште некој и на крај заслужено победија и освоија важни три бода.

Веќе во 28.минута со двата гола на Мартинели тимот на Арсенал водеше со 0:2, тогаш се виде дека Лидс нема што да бара на овој дуел. Сака во финишот на првиот дел зголемува на 0:3, тоа беше класичен нокаут за Марсело Биелса неговиот тим.

Малку надеж донесе голот на Рафиња во 75.минута за 1:3,но Смит Роув на додавањена Одегард стави печат на овој триумф од 1:4 за Арсенал.

Со ова тимот на Артета ја продолжи добрата серија, а Лидс на последните два меча прими 11 голови.

ПретходноФановите на Работнички со порака: Од херој до морон (ФОТО)
СледноСпектакл во Берлин и шлаканица за “милионерите“…