Удинезе со 0:4 успеа просто да го згази слабиот Каљари на негов терен. Болен, болен пораз за домашните, чии фанови уште во средината од второто полувреме почнаа да го напуштаат стадионот.
Удинезе одигра одлично,постигна четири убави голови,посебно за издвојување се оние два на Делофеу во 45.и 69.минута, кои навистина беа нешто посебно. Инаку тимот од Удине поведе во 4.минута со голот на Макенго, додека стрелец на гол беше и Молина во 50.минута.
Да кажеме и тоа дека и покрај фактот што рано беше решен победникот, нашиот Илија Несторовски не доби шанса да влезе во игра, тој целиот меч го преседе од клупата.