Феникс дојде до нова победа во супер-лигашкото друштво. По првиот тим во минатото коло, го совлада и вториот тим на МЗТ Скопје. По голема драма и со поените на Морган, дебитантот беше подобар со 69-71. Ова беше шеста победа за Феникс сезонава, на другата страна МЗТ Скопје 2 го запиша десеттиот пораз. Дебитантот доминираше во првата четвртина, поведе со 8-18 пред крајот на првата четвртина. Се чинеше дека лесно ќе го наметне своето темпо, но домаќинот со серија од 10-2 поведе со 23-22. Дуелот влезе во резултатска нишалка, во која најдобро се снајде МЗТ Скопје 2, на одморот замина со позитива од 33-32.
Хот, Џонс и Петров го вратија Феникс на старото ниво, во 23 минута беше 33-39, па 35-43. Ниту ова не беше доволно, неизвесноста продолжи, МЗТ Скопје на стартот на последната четвртина, со серија 8-1 одново дојде до водство 60-59. Домаќинот не застана, предводен од Наумоски поведе со 65-61, но веднаш следеше одговор. Кларк, Михајловски, Митревски и Џонс зголемија на 65-69, Феникс не искористи напад за потврда на нови бодови.
Следеше казна, Рамсон со четири поени израмни на 69-69. Дервишевиќ повика тајм-аут, а Морган на девет секунди до крајот погоди за голема радост.