Хофенхајм се спаси на домашен терен, Арминија со екстра гостински бодови (ВИДЕО)

132

Тимот на Хофенхајм во раките од 17. редовно коло од Бундес лигата попладнево на домашен терен успеа да одигра само 1:1 во дуелот со Борусија Менхенгладбах и на тој начин да освои барем бод, а можеше да остане и без него. Изедначивачкиот погодок за домашните пристигна во судиското продолжение од мечот кога погоди Акпогума и израмни на 1:1, откако претходно гостите уште во првиот дел ги доведе во водство Емболо.

Арминија направи чудо против Дер Бул Лајпциг

Од друга страна пак тимот на Арминија Билегелф направи вистински подвиг на гостувањето во Лајпциг кај Ред Бул победувајќи со 0:2 и освојивајќи огромни три бода кои со оглед на претпоследната пизиција на табелата ќе значат многу. Творци на овој триумф за гостите беа Сера и Окугава.

Резултати:

Бохум – Унион Берлин 0:1

Ајнтрахт Ф. – Маинц 1:0

Гројтер Фурт – Аугзбург 0:0

Хофенхајм – Борусија М. 1:1

Двојки:

Херта – Борусија Д. 18:30

ПретходноЖозе ликува: Рома ја “растури“ Аталанта среде Бергамо! (ВИДЕО)
СледноИграч од Премиер лигата не се вакцинира затоа што е веган!?