Алкалоид си поигруваше со Аеродром!

194

РК Алкалоид со победа и со заверено прво место на табелата ја заврши својата дебитантска полусезона.

Денеска, во рамките на 13. коло, последно во календарската година, РК Алкалоид славеше победа над градскиот ривал РК Аеродром со 40:20 (полувреме 16:9).

Првата четвртина од мечот беше резултатски израмнетa, а потоа лидерот на табелата во Првата ракометна лига, ја презеде контролата и на полувреме замина со комотна предност од седум гола разлика.

Во второто полувреме доминацијата на Алкалоид беше поизразена, одбраната овозможи серија лесни голови, а водството стана повисоко.

Теодор Тодески со осум гола беше најдобар стрелец кај РК Алкалоид, a Марко Стојковиќ, Михаил Ивановски и Александар Стојков постигнаа по пет. Следува пауза во шампионатот, a следните натпревари ќе се играат во февруари 2022.

ПретходноПелистер ја продолжи очајната серија порази во АБА 2 лигата
СледноХаос во Премиер – лигата: И мечот Астон Вила – Барнли одложен!