Нант се пласираше во финалето на Купот на Франција, откако во финишот на мечот со својот втор погодок, му донесе водство на својот тим од 26-27 на дуелот против Монпеље во полуфиналето на ова натпреварување. На другата страна противникот не ги искористи напад за изедначување за голема радост во редовите на тимот за кого настапува нашиот најдобар ракометар.
Предводникот на македонската репрезентација, немаше своја вечер, но погоди кога беше најпотребно. Зад неговото име запиша два гола од шест обиди. Прво име во редовите на Нант беше Ривера со осум гола, Нилсен запиша 17 интервенции.
За првиот трофеј, Нант ќе се бори против Шамбери кој беше подобар од ПСЖ на Раул Гонзлез.