Никола Митревски и Порто го добија дербито во португалскиот шампионат. Тимот на македонскиот репрезентативен голман на домашен терен го совлада Спортинг со 31-30 и остана единствената екипа без пораз.
Порто го доби првото полувреме минимално со 15-14, како најава за драматична завршница. Мечот беше решен во последните секунди, го гол на Круз, кој со 11 погодоци беше прво име во редовите на победникот.
Во Бундес-лигата ниту Филип Кузмановски не успеа да се израдува на триумф. Хановер беше совладан на гости кај Хамбург со 25-23. Кузмановски не успеа да запише во листата на стрелци, имаше два неуспешни обиди.