Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија следната недела треба да одржи состанок на кој како една од главните теми ќе биде и настапот на Европското првенство оваа година на нашиот сениорски тим, како и позицијата на селекторот Душко Николиќ.
Николиќ седна на клупата на нашата репрезентација во јули оваа година, откако ОФМ реши да го смени дотогашниот предводник на националниот тим, Никола Матијашевиќ. Минатата недела откако стана јасно дека Македонија следната година ќе биде дел од Европската сребрена лига и ги доби ривалите во групната фаза, ОФМ ќе мора да донесе одлука дали Николиќ ќе остане на селекторското место.
„Извршниот одбор треба да се состане и да дискутира по тоа прашање. До крајот на годинава сигурно ќе има одлука за позицијата на селекторот“, вели генералниот секретар на ОФМ, Зоран Карановиќ.