Хамбургер-Шалке 1:1, во меч од Втората германска лига на кој за гостите од Гелзенкирхен сите 90 минути ги одигра нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов. Домашниот состав водеше со 1:0 се до 87.минута, кога Шалке со голот на Итакура се спаси од пораз против некогашниот европски првак. Интересно е штпо Чурлинов и гостите се радуваа дури откако ВАР ја разгледуваше ситуацијата и го призна голот.
Инаку Хамбургер поведе уште во 2.минута со голот на Глацел.
Треба да се каже дека Македонецот имаше голема шанса,но сепак не успеа да реализира зицер.