Македонскиот репрезентативен пикер, Жарко Пешевски и оваа сезона е во добра форма, но за жал тоа не беше доволно вечерва. Неговиот тим на домашен терен беше поразен од Лемго со 37-40 во меч од 16. коло во Бундес-лигата.
Пешевски беше стрелец на шест гола од девет обиди, но Штутгарт не успеа дојде до нови бодови со кои ќе направи чекор напред на табелата. Тимот на македонскиот репрезентативец е на 16. позиција, со четири победи, реми и 11 порази, поточно е над опасната зона.
Ова беше меч со многу голови, во кои гостите благодарение на добрата игра во второто полувреме успеаја да си заминат со целиот плен.