МЗТ Скопје со три победи во исто толку одиграни натпревари го завршува “балонот во Сараево. На последната средба актуелниот македонски првак го совлада Ловќен со 100-81 и остана на второто место на табелата зад Борац Бања Лука со скор од шест победи и еден пораз.
Кошаркарите на МЗТ Скопје доминираа уште на стартот на мечот, поведоа со 17-6 и 22-8, пред полувремето водството беше и плус 16 (45-29).
Македонскиот првак продолжи во ист ритам, во третата четвртина постигна 36 поени, па во решавачките десет минути влезе со највисоки 81-52 благодарение на серијата од 15-0, а подоцна и со 85-56.
Ваквата позитива беше причина за да кошаркарите на МЗТ Скопје да се опуштат, противникот искористи и успеа само да го ублажи поразот.
На крајот МЗТ Скопје успеа да ја запише и првата стотка во АБА2 лига.
Вер имаше 19 поени, Мекиќ запиша 15 поени. Крстевски и Рикиќ имаа по 11 поени.