Официјално: Гачевски се врати во Вардар!

1560

И официјално, Филип Гачевски се врати во Вардар. Двете страни потпишаа договор на три години. Секако дека со искусниот голман нашиот натрофеен клуб ќе има посилен тим и ќе биде осетно засилен во пролетниот дел во ВМФЛ – ЗАПАД, каде ќе се бори со Воска Спорт за тоа второ место и пласман во баражот за Прва Лига.

Инаку Гачевски беше трансферна цел и на Тиквеш, имаше и преговори со кавадарчани, сепак популарниот Гача одлучи да се врати во Вардар каде што од 2015 до 2020 беше дел од златната генерација на клубот кој постигна историски резултати, освои повеќе шампионски титули и играше во групната фаза во Лигата на Европа. Исто така тој беше и миленик на “Комити“, кои сега ќе бидат задоволни и среќни од неговото враќање во Вардар.

ПретходноЕ. Пелистер 2 лесно со Прилеп, драма во Кавадарци без победник
СледноБилбао со гол во 89.минута славеше со Бетис!