На незгодното гостување во Севиља, Атлетико Мадрид го запиша третиот пораз во низа, беше совладан со 2-1.
Како стартер за гостинскиот тим дуелот го почна Луис Суарез. Тој не го одигра целиот меч, Диего Симеоне во 58. минута одлучи да го извади од игра. Суарез на патот кон клупата беше видливо незадоволен и бесен што неговиот тренер одлучи да го извади. Шпанците го доловија моментот кога испрати сочни „пцовки“, најверојатно истите беа испратени на сметка на Симеоне.
„Шу*пак еден, секогаш истата работа“, се дел од зборовите кои Суарез кон својот тренер, тврдат шпанските медиуми.
😠 ¡Luis Suárez EXPLOTA tras ser sustituido!
💣 “Pelotudo de m…, siempre igual”
📽️ La cámara de @ElGolazoDeGol captó el monumental enfado del uruguayo
#⃣ #DirectoGol pic.twitter.com/NtfI4PuKDR
— Directo Gol (@DirectoGol) December 18, 2021
По ова голгетерот седна на клупа, но не се поздрави со Суарез. Моментот можете да го видите на овој ЛИНК.