Андреј Јакимовски ја пружи најдобрата партија во досегашниот дел од сезоната во НЦАА лигата.
Вашингтон Стејт за кого настапува македонскиот репрезентативец стави крај на серијата од два порази, славеше убедливо против Северен Колорадо со 82-56 за осма победа сезонава.
Јакимовски на оваа средба одигра 22. минути за кои дојде до двоцифрен број на поени, прв пат оваа сезона. Запиша 16 поени (2/5 за три, 4/5 за два и 2/2 за еден поен), 4 скока и една систенција.