Славко Голужа, хрватскиот ракометен стратег не е веќе тренер на Татран Прешов. Како што и двете страни потврдија, соработката е прекината, а причината била, барем според првите луѓе на Татран Прешов, дека тие не се задоволни од тоа кога гледаат како нивниот тим играл бавен и досаден ракомет.
Инаку познато е дека РК Вардар сеуште го нема решено прашањето на прв тренер откако му врачи отказ на Веселин Вујовиќ. Засега “шеф“ е Владо Недановски, но јасно е дека ќе мора да се побара и адекватно решение за клупата на некогашниот двоен европски шампион.
По вестите од Словачка, дека Голужа е слободен, веднаш почнаа шпекулациите дека токму тој ќе биде изборот на РК Вардар за нов стратег.
Останува да се види како ќе се развиваат настаните во текот на следните денови.